Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
    • Европските перспективите низ дијалог со младите академици
    • Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
    • Претседателката на Европската комисија утре во Македонија: Средба, работен ручек и прес-конференција со премиерот Мицкоски
    • Корисниците на „Димитрие Чуповски“ утре без вода
    • (ФОТО) Стефан Лазаров стана татко: Денес добивме син..
    • Инцидент во скопска градинка: Вработена се здобила со повреди на раката
    • Серија семејни насилства регистрирани во Охрид, Крушево, Велес и Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно

    Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно

    01.10.2026 во 17:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказ во Високиот суд во Сува, Фиџи, исчезнале, а дел од пакетите биле заменети со брашно.

    Дрогата била запленета во 2019 година во случајот против фиџиско-канадскиот државјанин Џошуа Азиз Рахман. Станувало збор за околу 39,5 килограми кокаин, чија вредност се проценувала на околу 31 милион фиџиски долари.

    При проверка на доказите на 15 септември било утврдено дека недостигаат седум плочки кокаин. Потоа биле направени форензички анализи и на преостанатите пакети, при што било откриено дека ниту еден од нив повеќе не содржи кокаин.

    Полицијата соопшти дека со доказните предмети било манипулирано и дека истрагата е насочена кон лицата кои имале директен пристап до судскиот трезор. Идентификувани се шест лица од интерес, а едно од нив во моментот се наоѓа надвор од земјата.

    Дополнително, било утврдено дека дел од безбедносните камери не работеле, а проблеми имало и со системот за контрола на пристап.

    Случајот предизвика големи реакции во Фиџи, особено затоа што претходно годинава од друг судски предмет исчезнале уште 12,9 килограми запленет кокаин.

    Прочитај повеќе

    Мистерија: Осуденичка примила две дози смртоносна инјекција и останала жива

    01.10.2026 во 10:15

    Во руски воздушни напади врз Киев и околината загина дете

    30.09.2026 во 22:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.