Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Коњановски со битолските бруцоши: Вие сте носители на промени и идни лидери
    • Грам марихуана за 800, а кокаин и до 6.000 денари – познат ценовникот на нарко-картелот од Прилеп
    • Серафимовски пред студентите: Новата генерација агрономи е клучна за дигитализацијата на македонското земјоделство
    • Судење за „Пулс“: Вештакот тврди дека објектот бил безбеден, рочиштето прекинато поради здравствените проблеми на обвинетиот Јованов
    • Стартуваше аплицирањето за субвенциониран студентски оброк: Студентите на располагање имаат само 5 дена
    • Утре четири часа ќе нема струја – електродистрибуција најави исклучување
    • Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“
    • ЈСП: Бесплатен јавен превоз во Скопје за време на „Бела ноќ 2026“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Коњановски со битолските бруцоши: Вие сте носители на промени и идни лидери

    Коњановски со битолските бруцоши: Вие сте носители на промени и идни лидери

    01.10.2026 во 16:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска заедно со бруцошите ја споделија радоста од почетокот на новата академска година.

    Пречекани од деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии проф.  д-р Благој Ристевски, заедно со ректорот на битолскиот универзитет проф. д-р Игор Неделковски, беа дел од свечената церемонија со која почна новата академска година.

    Градоначалникот во своето обраќање пред студентите и академската заедница кажа дека за студентите започнува еден нов многу важен период на стекнување на знаења и вештини, важни за секој од нив поединечно, но и за општеството во целина.

    „Низ годините со образованието и вештините, но и предизвиците со кои ќе се стекнувате ќе ја градите вашата академска кариера, но и пријателствата со вашите нови колеги и студенти и професори, кои ќе бидат многу значајна алка во вашето понатамошно делување како млади
    луѓе, носители на промени, иноватори, визионери, лидери.

    Амфитеатрите, кабинетите, лабораториите ќе бидат места каде секојдневно ќе стекнувате нови знаење. Нема ништо поважно за младите кога влегуваат во светот на високото образование, односно науката, а вашите ментори ќе ве водат по нејзиниот пат“ истакна градоначалникот на Битола.

    Тој ја истакна и соработката која ја има Општина Битола и универзитетот „Св. Климент Охридски“, особено во делот на реализацијата на летната универзитетска пракса.

    Денеска беше отворено студентското катче на овој факултет, кое беше опремено со волонтерска акција на МКЦ Битола во партнерство ФИКТ, поддржано од локалниот Совет за волонтерство на Општина Битола.

    Градоначалникот денеска беше и на првиот академски час на Правниот факултет, каде имаше поздравно обраќање пред студентите заедно со деканката проф. д-р Светлана Вељановска и ректорот проф. д-р Игор Неделковски.

    „На студентите им посакувам успешна академска година, стекнување многу знаење и натпревар во знаење. Општина Битола и универзитетот „Св. Климент Охридски“ имаат одлична соработка, а сигурен сум дека бевме пионери и пример за други општини со воведувањето на универзитетската летна пракса за студенти во Општината, во Советот, во јавните претпријатија. Изминатото лето бевме домаќини на околу 40-тина студенти кои практично го надоградуваа она што го учеа низ семестрите, секој на својот факултет и струка.

    Очекувам и се надевам дека дел од вас во годините пред вас ќе ја искористат таа можност, да бидат дел од нашата администрација како практиканти, а по дипломирањето можеби и наши колеги“ рече градоначалникот Коњановски на свеченоста по повод првиот академски час
    на Правниот факултет во Битола.

    Прочитај повеќе

    Грам марихуана за 800, а кокаин и до 6.000 денари – познат ценовникот на нарко-картелот од Прилеп

    01.10.2026 во 15:51

    Серафимовски пред студентите: Новата генерација агрономи е клучна за дигитализацијата на македонското земјоделство

    01.10.2026 во 15:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.