Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Двајца кандидати во трка за претседател на Апелацискиот суд Скопје
    • Убиен познат бугарски бизнисмен
    • Mилионски грабеж во продавница во Црна Гора: Срби впериле пиштол, а потоа избегале со 370.000 евра
    • Драматичен инцидент во воздух: Пилот избодел колега и се обидел да го сруши авионот, патниците спречиле катастрофа
    • Теренски посети во Општина Кисела Вода: Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Пинтија
    • Утре ќе нема струја до 14:30 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Муцунски пред студентите од College of Europe: НАТО, ЕУ и стратегиското партнерство со САД се столбовите на македонската надворешна политика
    • Со тврди предмети го нападнал својот татко – полицијата уапси 27-годишник од Чашка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Двајца кандидати во трка за претседател на Апелацискиот суд Скопје

    Двајца кандидати во трка за претседател на Апелацискиот суд Скопје

    30.09.2026 во 17:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по објавените огласи за избор на претседател на Апелацискиот суд Скопје и Основниот суд Струга, при што констатираше дека тројцата пријавени кандидати ги исполнуваат условите за учество во понатамошната постапка.

    За претседател на Апелацискиот суд Скопје се пријавиле судиите Зоран Герасимовски и Лидија Зимбовска, додека, за претседател на Основниот суд Струга единствен кандидат е Танче Петревски.

    По разгледувањето на доставената документација, Судскиот совет утврди дека пријавите се навремени и комплетни, по што ги усвои извештаите на надлежната комисија и одлучи постапката за избор да продолжи во следната фаза.

    На денешната седница Советот го усвои и извештајот од извршената работна посета на Основниот кривичен суд Скопје.

    Судскиот совет избра и разреши судии-поротници за Основниот суд Виница, Основниот суд Дебар, Основниот суд Кочани, Основниот суд Охрид и Основниот суд Радовиш.

    Претходно на денешната седница Судскиот совет избра претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар и Свети Николе и ги усвои тримесечните извештаи за работата на судовите во периодот април – јуни 2026 година при што судовите на ниво на државата беа оценети како неажурни.

    Прочитај повеќе

    Теренски посети во Општина Кисела Вода: Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Пинтија

    30.09.2026 во 16:21

    Утре ќе нема струја до 14:30 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    30.09.2026 во 16:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.