На 29.09.2026 во 01:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Ч.(41) од Струмица.
Според пријавеното, тој на 28.09.2026 во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко, а агресивно се однесувал и кон останатите членови на семејството.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

