Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.
Акцијата резултираше со целосно отстранување на сите диви тезги, најчесто со овошје и зеленчук. Надлежните одзедоа храна во количина од околу 500 килограми, претежно земјоделски производи, а отстранета е и целата опрема за продажба што била диво поставена на пешачките и велосипедските патеки. Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје, на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.
Паралелно, во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

