Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стрелките на часовникот одат наназад – Наскоро зимско сметање на времето
    • Украле хеликоптер од хангарот и избегале во ноќта: Последен пат виден во Хрватска, се бара од полицијата во три земји
    • Фон дер Лајен в петок во Скопје: На маса европската перспектива и спорот со Бугарија
    • Млад Македонец избоден со нож во Германија
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: „Не може да го потценувате народот”
    • Нема повеќе протекување: Обновено платото над спортската сала во „Гоце Делчев“
    • Хорор во Грција: Жена касната од опасната риба – зајак итно пренесена во болница
    • Дневен хороскоп: Време е за одмор наместо за големи очекувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стрелките на часовникот одат наназад – Наскоро зимско сметање на времето

    Стрелките на часовникот одат наназад – Наскоро зимско сметање на времето

    29.09.2026 во 09:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Зимското сметање на времето годинава, според одлуката на Европската комисија, ќе почне на 25 октомври кога стрелките на часовникот ќе се вратат од 03.00 на 02.00 часот, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври.

    Распоредот е изготвен врз основа на важечките правила, така што тоа не значи дека промената на часовникот дефинитивно ќе остане до 2031 година. Доколку во меѓувреме се донесат нови регулативи на ЕУ, промената двапати годишно би можела да се укине порано.

    Дел од земјите на ЕУ со години предлагаат да се укине летното и зимското сметање на времето. Европскиот парламент во 2019 година усвои нацрт-закон за укинување на зимското и летното сметање на времето во 2021 година, но тоа беше одложено до понатамошно известување бидејќи земјите-членки не можеа да се договорат за тоа кое време треба да се задржи.

    Според правилото на ЕУ кое го прифати и Македонија, летното сметање на времето почнува последниот викенд од март, кога во 02.00 часот стрелките се движат напред на 03.00 часот, додека зимското време почнува во последниот викенд од октомври, кога во 03.00 часот стрелките се враќаат назад на 02.00 часот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Фон дер Лајен в петок во Скопје: На маса европската перспектива и спорот со Бугарија

    29.09.2026 во 09:37

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: „Не може да го потценувате народот”

    29.09.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.