Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Украле хеликоптер од хангарот и избегале во ноќта: Последен пат виден во Хрватска, се бара од полицијата во три земји
    • Фон дер Лајен в петок во Скопје: На маса европската перспектива и спорот со Бугарија
    • Млад Македонец избоден со нож во Германија
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: „Не може да го потценувате народот”
    • Нема повеќе протекување: Обновено платото над спортската сала во „Гоце Делчев“
    • Хорор во Грција: Жена касната од опасната риба – зајак итно пренесена во болница
    • Дневен хороскоп: Време е за одмор наместо за големи очекувања
    • Семејна драма во Македонија – Брат ја истепал сестрата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Украле хеликоптер од хангарот и избегале во ноќта: Последен пат виден во Хрватска, се бара од полицијата во три земји

    Украле хеликоптер од хангарот и избегале во ноќта: Последен пат виден во Хрватска, се бара од полицијата во три земји

    29.09.2026 во 09:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Непознати сторители со и сериозно техничко знаење провалиле во хангар на аеродромот Маутерндорф во Австрија и го украле хеликоптерот „Робинсон Р44“, вреден околу 600.000 евра, кој за панорамски летови го користи поранешниот олимписки шампион во скијачки скокови, Томас Моргенштерн.

    Леталото полетало ноќта меѓу недела и понеделник, околу 1:50 часот, а последниот радарски контакт бил регистриран во 4:20 часот утрото во хрватскиот воздушен простор над островот Паг. Според истражителите, крадците внимателно ја испланирале акцијата – ги свртеле безбедносните камери, ги покриле веб-камерите, ги отстраниле транспондерот и уредот ELT за да останат невидливи за цивилните радарски служби, а со себе однеле и 365 литри гориво.

    Летањето низ Алпите во текот на ноќта било исклучително ризично бидејќи овој модел не е сертифициран за ноќни летови, па крадците се потпирале единствено на светлината од месечината. Во потрагата по летечкото возило со ознака OE-XHK сега заеднички соработуваат полициите од Австрија, Словенија и Хрватска.

    Од компанијата на познатиот спортист упатија и официјален апел до јавноста преку социјалните мрежи:

    – Ве молиме обрнете внимание на овој хеликоптер. Нашиот хангар е провален и хеликоптерот е украден. Последниот контакт беше утрово во 4:20 часот во хрватскиот воздушен простор, пишува во објавата на Инстаграм страницата на компанијата.

    Прочитај повеќе

    Хорор во Грција: Жена касната од опасната риба – зајак итно пренесена во болница

    29.09.2026 во 09:18

    Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка 

    28.09.2026 во 23:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.