Close Menu
Press24
    Најново

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев го промовираше Практичниот водич за комуникација со лица со оштетен слух: Институциите достапни за сите граѓани

    Минчев го промовираше Практичниот водич за комуникација со лица со оштетен слух: Институциите достапни за сите граѓани

    28.09.2026 во 14:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска го промовираше Практичниот водич за комуникација и обезбедување услуги на лицата со оштетен слух. Водичот е изработен по иницијатива на Министерството од Даниела Дичовска, лиценциран толкувач на знаковен јазик, со цел да им обезбеди практични насоки на административните службеници во секојдневната работа.

    На промоцијата присуствуваа Снежана Трпевска, национална координаторка за лица со попреченост при Владата, Сузана Стојановска од Дневниот центар „Доза среќа“ и Благица Димитровска од здружението „Инклузива“.

    „Кога зборуваме за реформа на јавната администрација, не зборуваме само за закони, процедури и институции. Зборуваме за луѓето. За тоа дали еден граѓанин ќе може да добие навремена информација и дали ќе може рамноправно да ја оствари својата услуга. Нашата задача е да ги отстрануваме бариерите, а не граѓаните да се приспособуваат на бариерите на системот“, порача министерот Минчев.

    Од Министерството истакнуваат дека пристапноста не треба да биде исклучок или посебна мерка, туку дел од секојдневната работа на институциите, со цел да се создаде администрација која нема да остави никого зад себе.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.