Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Тргни ги или ќе ги убијам сите” – Македонец не сакал да чека со возилото па прегазил овци во Италија
    • Градејќи ја урнале куќата на Владо Малевски – Обвинение за шест лица за оштетување на културно наследство
    • Ќе нема струја до 14:30 – Исклучувања во повеќе делови на Скопје
    • Погребан Горан, имаше само 26 години – Семејството неутешно
    • Ладно утро во Македонија, измерени температурите – УХМР најавува поројни дождови
    • ЦУК информира: Каква е состојбата со пожарите во Македонија
    • Детали за земјотресот кој ја стресе Македонија
    • Сиљановска-Давкова со амбасадорот на ОАЕ: Потенцијал за нови инвестиции и посилна соработка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Тргни ги или ќе ги убијам сите” – Македонец не сакал да чека со возилото па прегазил овци во Италија

    „Тргни ги или ќе ги убијам сите” – Македонец не сакал да чека со возилото па прегазил овци во Италија

    25.09.2026 во 08:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонски државјанин ќе се соочи со судска постапка во Италија поради инцидент во кој со комбе удрил стадо овци. Три животни биле погодени, од кои две угинале веднаш, додека третото било усмртено подоцна поради сериозноста на повредите.

    Според локалните медиуми, настанот се случил на 25 април 2023 година на улицата „Виа Белведере“ во Касале сул Силе. Според обвинението, стадото се движело по патот во близина на домот на 36-годишниот Македонец, кој наводно бил вознемирен бидејќи не можел да помине со возилото.

    Според италијанските власти, пред инцидентот тој му се обратил на сопственикот на стадото и му рекол да ги тргне овците, при што упатил и закана дека ќе ги прегази.

    Набргу потоа, со комбе „Фолксваген Кеди“ влегол во стадото и удрил три овци. По ударот, возачот продолжил да се движи без да запре.

    Сопственикот на животните, сепак, успеал да ја запамети регистарската табличка, по што истрагата довела до сопственикот на комбето – 26-годишен роднина на обвинетиот. Поради тоа што возилото било регистрирано на негово име, и тој првично бил опфатен со постапката.

    На прелиминарното рочиште било утврдено дека роднината не бил присутен во моментот на инцидентот, по што бил ослободен од понатамошната постапка.

    Обвинет останува 36-годишниот македонски државјанин, кој се товари за убивање туѓи животни и за упатување закана кон сопственикот на стадото.

    Случајот веќе бил разгледан на прелиминарно рочиште, а главното судење е закажано за јуни 2028 година.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Градејќи ја урнале куќата на Владо Малевски – Обвинение за шест лица за оштетување на културно наследство

    25.09.2026 во 08:43

    Ќе нема струја до 14:30 – Исклучувања во повеќе делови на Скопје

    25.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.