Close Menu
    Најново

    Мицкоски: Доаѓа денот, утре се осветува храмот „Св. Елена и Константин“

    27.09.2025 во 22:07

    Хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“: Донирани околу 1,8 милиони денари за црвен крст наменети за лицата во третата доба

    27.09.2025 во 16:51

    Хорор го потресе регионот: Брачен пар пронајдени убиени во куќа

    27.09.2025 во 16:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски: Доаѓа денот, утре се осветува храмот „Св. Елена и Константин“
    • Хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“: Донирани околу 1,8 милиони денари за црвен крст наменети за лицата во третата доба
    • Хорор го потресе регионот: Брачен пар пронајдени убиени во куќа
    • Мицкоски: Народот ги памети триковите и предавствата на СДС
    • Филипче: Нудиме чесни кандидати со реална програма
    • Драма на автопатот Табановце – Куманово: Неготинчанец превезувал мигранти, удрил полицаец во обид да избега
    • Сообраќајка на патот Прилеп – Македонски Брод, сообраќајот е во прекин
    • Тепачка во автосервис во Карпош: Вработен физички нападнал клиент
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сиљановска – Давкова: Ниту една земја не може да напредува ако ги занемарува младите

    Сиљановска – Давкова: Ниту една земја не може да напредува ако ги занемарува младите

    25.09.2025 во 16:07
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се обрати на пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади.

    Како што јави известувачот на МИА, Сиљановска – Давкова истакна дека ниту една земја, ниту еден регион не може да напредува ако ги занемарува младите. 

    –  Затоа Обединетите нации ја усвоија Светската програма за акција за млади. Денес, додека ја одбележуваме оваа годишнина, ги признаваме и успесите и недостатоците. Многу е направено, но, исто така, многу останува да се направи.

    Обраќајќи се кон младите, претседателката посочи дека во младоста ја привлекувале филозофските стихови на Пинк Флојд, особено песната „Another Brick in the Wall“, во која тие го отфрлаат образованието засновано на контрола на мислата и им порачуваат на наставниците да ги остават децата на мир.

    – Кога станав универзитетски професор, често ја имав оваа субверзивна песна на ум. Затоа денес не сум тука за да ви предавам, туку за да бидам инспирирана од вас, младите. Низ историјата, вашите врсници не се плашеа да проговорат, да ги предизвикаат авторитетите, да го отфрлат догматизмот и да се борат за идеали, понекогаш по цена на сопствените животи, рече Сиљановска – Давкова.

    Таа притоа потсети на студентските протести во Париз во 1968-та, на Прашката пролет против тенковите на Варшавскиот пакт во 1969-та, на протестите против војната во Виетнам. – Сетете се на студентскиот пркос на плоштадот „Тијананмен“ и падот на Берлинскиот ѕид во 1989-та. Дури и денес, младите луѓе простестираат против војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, но и против екоцидите и фемицидите, климатските промени и социјалните неправди, рече Сиљановска – Давкова.

    Според неа, младите како бунтовници со причина и трагачи по вистината, отсекогаш биле носители на промените.

    – Доаѓам од мала, континентнална европска држава. Дваесет години чекаме да станеме членка на Европската унија. Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина и затоа ја напуштаат земјата. Ова важи за поголемиот дел од земјите од Западниот Балкан. За мали држави како нашата, статистиката не е апстракција, рече Сиљановска – Давкова.

    За да се сменат работите, таа смета дека ангажманот на младите не смее да биде само симболичен, туку суштинско учество во процесите на одлучување. 

    Според неа, младите генерации имаат право на обновена, ажурирана Повелба, на реформирани и силни Обединети нации што, како што рече, ќе им овозможат да живеат во мир меѓу народите, но и мир со природата.

    –  Затоа Стратегијата за млади на Обединетите нации, Youth2030, е од суштинско значење. Таа обезбедува низ сите столбови на нашата работа – мир и безбедност, човекови права и одржлив развој – младите да не бидат набљудувачи, туку и партнери, рече Сиљановска – Давкова, додавајќи дека тоа подразбира три работи.

    Прво смета дека младите мора да бидат дел од реформата на ООН на секое ниво, што значи обезбедување постојани места во националните делегации, создавање формални советодавни тела и давање улоги за одлучување во клучни области како реформата на Советот за безбедност, архитектурата на мироизградба и дигиталното управување.

    Второ, рече дека треба да бидат етички компас. – Вклученоста на младите не смее да биде симболична. Таа мора да донесе отчетност, осигурувајќи дека се избегнуваат и празни ветувања и цинична неактивност, рече претседателката.

    Како трета работа го посочи меѓугенерациското партнерство. Таа смета дека реформата мора да ги обедини генерациите, дека постарите лидери носат искуство, а помладите визија и заедно можат да го насочат мултилатерализмот од парализа кон акција.

    Вие ја имате привилегијата, но и одговорноста да бидете мост меѓу сегашноста и иднината. Без вашиот омилен збор „зошто?“ нема прогрес. Без вашето сомневање во авторитетите, нема вистина. Движејќи ги општествата, можете да го придвижите светот, бидејќи сте надарени со интелектуална љубопитност и страст, без кои не може да има реформи, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

    На пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади се обрати и претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок и Генералниот секретар за млади, Фелипе Полие.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Герасимовски: Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад

    27.09.2025 во 12:48

    Марковска Илиевска: Јакимовски во 2021 вети подземни гаражи и фонтана во Лептокарија, од тоа има само ѓубре на паркингот стар децении

    27.09.2025 во 11:34

    Анкета: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со убедливо најголема доверба кај граѓаните

    27.09.2025 во 14:46

    Нетанјаху: Да им се даде на Палестинците држава до Ерусалим по 7 октомври е како да ѝ се даде на Ал Каеда држава до Њујорк по 11 септември

    26.09.2025 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.