Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Македонија не е на продажба
    • ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски бега од соочување со советниците, наместо еднаш месечно, тој советничките прашања ги закажа за Нова година
    • Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија
    • (ВИДЕО) Петрушевски: Владата носи инвестиции од Вашингтон
    • Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокус
    • Алармантна состојба во северна Етиопија: ОН загрижени поради заземањето на три аеродроми во Тиграј
    • Наутро минус, потоа сонце: УХМР ги измери температурите и најави силно невреме
    • Русин преживеал вистински хорор: Ѕвер од 200 кг му ги кршел ребрата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Македонија не е на продажба

    Филипче: Македонија не е на продажба

    24.09.2026 во 12:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конеренција ја повика  Владата да го повлече планот за отворање нови рудници. Филипче посочи дека новиот просторен план, изготвен од Министерството за животна средина и Агенцијата за просторно планирање, за првпат јасно ги определува локациите на кои се планира отворање нови рудници и  укажа дека со Нацрт новиот просторен план се отвора можност за отворање рудници на повеќе локации низ државата, со ризик по животната средина, водите и здравјето на граѓаните.

    „Тоа е стратешки документ во кој што јасно се кажува во однос на планската проекција во однос на поставеноста каде се планира отворање на нови рудници и тоа што е алармантно е тоа што се потврдува тоа што го говоревме изминатиот период, а тоа е дека оваа Влада очигледно е неспособна да се справи со менаџирањето на земјата, носејќи не во финансиска и економска бездна. Сега не и останува ништо друго освен да ја распродава земјата. Сакам јасно и гласно да порачам Македонија не е на продажба“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ нагласи дека природните ресурси се национално богатство и власта нема право и не смее да ги става во функција на приватни интереси и профити.

    „Не може да ја продаваат земјата којашто е национално богатство, коешто им припаѓа на сите граѓани за нивни и за туѓи финансиски интереси, односно профити. Во последната планска стратегија има места коишто не се означени како рудници, а сега во оваа нова, којашто ќе важи за следните 20 години, точно и јасно пишува каде се планира отворање на нови рудници. Тука е Казандол, тука е Иловица ,и експлицитно пишува не само на овие две места, туку на уште три други. На пет места Владата на Христијан Мицкоски планира да ја продава земјата, планира да ја продава Македонија на странски фирми за странски профити“, рече Филипче.

    Филипче, додаде дека ризикот по здравјето на населението и загадувањето на почвата и водите е огромен и ја повика власта да го повлече планот.

    „Ова е ризик прво за здравјето на граѓаните, затоа што обработувајќи ја оваа руда, посебно антимонот, не случајно, во многу земји е забранет. Таа опасна материја може да навлезе во земјата, во водите и на тој начин целосно е загадена таа околина, тоа земјиште и е загрозено здравјето на сите луѓе коишто живеат во регионот каде што се планираат ваквите рудници. Сакам да им порачам – Македонија не е на продажба. Нема да го ризикуваме здравјето на граѓаните за туѓи профити.Сакам јасно и гласно да им кажам да отстапат и да се повлечат од овој план“, рече Филипче

    Прочитај повеќе

    Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија

    24.09.2026 во 12:00

    (ВИДЕО) Петрушевски: Владата носи инвестиции од Вашингтон

    24.09.2026 во 11:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.