Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стефковски: Ноќе работиме за преку ден да има помалку гужва
    • Вучиќ во ОН: Србија ги поддржува постапките на Трамп
    • Крвав напад со балистички ракети врз Киев: Загинаа две лица, повредени се медицински лица
    • Сали: Новата стратегија на ЕУ може да го забрза евроинтегративниот процес
    • Голем пожар во индустриската зона кај Риека: Издадени итни предупредувања за граѓаните
    • Скандал со вештачка интелигенција: Агент на OpenAI хакираше австралиски државен портал
    • Дневен хороскоп: Рибите добиваат убави вести, Лавот влегува во важен период
    • Димитриеска-Кочоска: Растот е 4,3 отсто, дефицитот останува во предвидените рамки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Регионалните предизвици на маса: Мицкоски на средба со Каја Калас и лидерите од Западен Балкан

    Регионалните предизвици на маса: Мицкоски на средба со Каја Калас и лидерите од Западен Балкан

    24.09.2026 во 08:142 Mins Read
    Христијан Мицкоски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан во Њујорк остварија средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

    На средбата биле разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион, објави Мицкоски на Фејсбук.

    Македонскиот премиер, кој учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, претходно учествуваше и на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан.

    Во рамки на посетата, Мицкоски оствари средби и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.

    Тој учествуваше и на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин беше претседателот на Финска, Александар Стуб. На панелот се разговарало за значењето на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици.

    Мицкоски оствари и одделна средба со претседателот Стуб, на која, како што информира, било истакнато значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и градењето стабилна и безбедна Европа.

    „Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Стефковски: Ноќе работиме за преку ден да има помалку гужва

    24.09.2026 во 10:17

    Сали: Новата стратегија на ЕУ може да го забрза евроинтегративниот процес

    24.09.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.