Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување
    • Измерени 5 степени во 14 часот во Македонија – еве каде е најладно
    • Четврти ден без нови хоспитализирани од западнонилска треска: Клековски најави премин кон прскање од земја во наредните години
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра
    • Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување

    Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување

    23.09.2026 во 15:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на „Министерскиот состанок за млади од Западен Балкан 2026“, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора.

    Состанокот беше организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) во партнерство со Министерството за спорт и млади на Црна Гора, под покровителство на Владата на Црна Гора, во рамки на Берлинскиот процес. На состанокот учествуваа министри и шефови на делегации надлежни за младите од земјите од Западен Балкан.

    Министерскиот состанок претставува високо ниво на меѓувладина платформа за политички дијалог, зајакнување на регионалната координација и усогласување на пристапите во политиките што се однесуваат на потребите и перспективите на младите.

    Посебното значење на овогодишниот состанок е и во тоа што се одбележуваат 10 години од основањето на RYCO, која во изминатата деценија се разви во значајна регионална платформа за младинска соработка, дијалог, размена и градење доверба.

    Во рамки на министерската програма се разговараше за приоритетите за регионална младинска соработка, со посебен фокус на тоа како младите да бидат поефективно вклучени во тековните реформски процеси – не само како корисници, туку како активни придонесувачи во креирањето, спроведувањето и следењето на политиките.

    Во овој контекст, теми на разговор беа младинското учество во донесувањето одлуки, регионалната мобилност и поврзаност, образованието, вработувањето, претприемништвото, волонтерството, младинските иницијативи, како и улогата на младите во пошироките реформски процеси поврзани со економскиот развој, миграцијата, безбедноста, социјалната кохезија и европската интеграција.

    Во таа насока, министерот Велковски информираше дека во државата се работи на концепт за единствен национален агрегатор за млади, преку кој на едно место ќе бидат достапни информации за програмите и можностите што ги нудат државните институции, општините, младинските организации и другите релевантни чинители во општеството.

    „Верувам дека ваквиот пристап во иднина може да добие и регионална димензија. Нашата амбиција треба да биде еден млад човек во Скопје, Подгорица, Сараево или Тирана лесно да може да ги види можностите што му се достапни не само во сопствената земја, туку и во регионот,“ истакна Велковски.

    Министерот во рамки на дискусиите потенцираше дека младите треба да имаат реална можност да учествуваат во идентификувањето на предизвиците, предлагањето решенија и следењето на резултатите, на локално, национално и регионално ниво.

    Посебен акцент беше ставен и на поврзувањето на националните младински политики со пошироките реформски процеси. Во тој контекст, Националната стратегија за млади 2023–2027 и Акцискиот план 2026–2027 се препознаваат како важни механизми за поврзување на младинските приоритети со реформите во областите кои директно влијаат врз младите.

    Една од темите на состанокот беше и RYCOncile – Фондот за млади на RYCO, како практичен механизам преку кој политичките заложби за младите треба да се претворат во конкретни можности и активности. Фокусот е на поддршка на младински иницијативи, регионална соработка, мобилност, учество, инклузија и социјална кохезија.

    Одржувањето на Министерскиот состанок има за цел да придонесе кон понатамошно јакнење на регионалната младинска соработка и да ги поврзе политичките определби со конкретни механизми за нивна реализација.

    Учеството на Северна Македонија на овој висок политички форум е можност за размена на искуства и добри практики со земјите од регионот, за зајакнување на регионалната координација во младинските политики и за отворање простор за нови иницијативи и механизми што ќе придонесат кон поголемо учество и поврзаност на младите.

    Прочитај повеќе

    Измерени 5 степени во 14 часот во Македонија – еве каде е најладно

    23.09.2026 во 15:06

    Четврти ден без нови хоспитализирани од западнонилска треска: Клековски најави премин кон прскање од земја во наредните години

    23.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.