Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12

    „Тато, не оди на Октоберфест…“Семејството на Александар го предупредило во пресрет на трагедијата

    23.09.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Регионална конференција за воени злосторства во Скопје: Обвинителите од Западен Балкан и претставници од Хаг со фокус на соработката и правдата
    • Тетовчанец заврши во Идризово – ќе лежи 18 месеци во затвор
    • Приведени пиромани: 63-годишник палел подземни контејнери кај Соборниот храм, четворица фатени за предизвикан пожар на нива во Бутел
    • Рубио: На Путин не му оди на фронтот – Русија не може да ја добие војната
    • Шасивари на форумот за структуриран дијалог: Евроинтеграциите се длабока институционална трансформација, а не само пропис на закони
    • Подгответе се: УХМР најавува голем пресврт
    • Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови
    • Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шасивари на форумот за структуриран дијалог: Евроинтеграциите се длабока институционална трансформација, а не само пропис на закони

    Шасивари на форумот за структуриран дијалог: Евроинтеграциите се длабока институционална трансформација, а не само пропис на закони

    23.09.2026 во 12:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за правда Јетон Шасивари, обраќајќи се на форумот „Придонесот на структурираниот дијалог кон евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија: од „темелите“ и пошироко“, истакна дека европската интеграција на земјата мора да се гледа како суштинска трансформација на институциите и јавните услуги, а не само како процес на усогласување на законодавството.

    „Европската интеграција не е само усогласување на законодавството. Таа е трансформација на институциите, на начинот на кој работиме и на начинот на кој граѓаните ги чувствуваат резултатите од реформите“, порача Шасивари.

    Тој нагласи дека структурираниот дијалог има особено значење затоа што овозможува реформите да се согледуваат како дел од една поширока европска рамка, во која се поврзуваат владеењето на правото, институционалниот капацитет, човечките ресурси, дигитализацијата, финансиската одржливост и квалитетот на јавните услуги.

    Како координатор на Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права, Министерството за правда е посветено на реализација на реформските приоритети утврдени во Реформската агенда, препораките од Европската комисија, оценските мисии и работата на Поткомитетот за правда и внатрешни работи.

    „Преку Реформската агенда, реформите се поврзани со конкретни мерки, рокови и резултати. Нашата задача е тие резултати да не останат само во стратешките документи, туку да станат видливи во функционирањето на институциите и во услугите што ги добиваат граѓаните“, истакна министерот.

    Шасивари посочи дека  Македонија веќе е дел од пошироки европски механизми за владеење на правото, борба против корупцијата и заштита на фундаменталните права, што отвора дополнителен простор за размена на искуства, практики и европски стандарди.

    Како една од клучните задачи пред Министерството за правда, беше посочена  потребата реформите да имаат реална и одржлива институционална основа.

    „За првпат мораме системски да одговориме не само на прашањето што треба да реформираме, туку и колку тоа чини, со какви човечки ресурси располагаме и каков институционален капацитет ни е потребен за реформите навистина да функционираат“, нагласи Шасивари.

    Во тој контекст, беше  посочена и дигиталната трансформација на правосудството, преку подготовката на нова ИКТ стратегија, со која се цели кон модерно и интегрирано правосудство, поефикасни постапки, поголема транспарентност, подобро управување со предметите и полесен пристап до правда.

    Значајна е и оптимизацијата на судската мрежа, со цел подобра достапност на правдата, поефикасна распределба на ресурсите и подобра услуга за граѓаните.

    „Задачата пред нас е да одиме пошироко: од усогласување кон имплементација, од реформски обврски кон одржливи резултати и од европска перспектива кон европска практика. Тоа е патот по кој треба да продолжиме“, порача министерот за правда Јетон Шасивари.

    Прочитај повеќе

    Регионална конференција за воени злосторства во Скопје: Обвинителите од Западен Балкан и претставници од Хаг со фокус на соработката и правдата

    23.09.2026 во 12:40

    Тетовчанец заврши во Идризово – ќе лежи 18 месеци во затвор

    23.09.2026 во 12:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.