Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Америка се врати и ѝ оди подобро од кога било
    • Прилепчанец дивеел во сендвичара: Тепал, кршел и се заканувал
    • Серафимовски-Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
    • Муакетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар голема можност
    • Падна групата што шверцаше вијагра во Тетово – меѓу нив и цариник
    • Просечната плата во јули речиси 800 евра
    • Ноќеска и официјално доаѓа есента
    • Сообраќајка во Охрид: Со тешки повреди заврши возач на „ауди“ по судир со „мерцедес“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп: Америка се врати и ѝ оди подобро од кога било

    Трамп: Америка се врати и ѝ оди подобро од кога било

    22.09.2026 во 17:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред Генералното собрание на Обединетите Нации изјави дека Соединетите Американски Држави „се вратија“ и дека се посилни од кога било досега.

    – Ни завидуваат на економијата, армијата е најмоќна во светот, технологијата е најдобра и водиме во речиси сите области. Нашето гориво ја напојува планетата. На нашата земја ѝ оди подобро од кога било, иднината е светла – рече Трамп во својот говор на Генералната дебата во рамките на 81-то заседание на Генералното собрание на ОН.

    Според него, денес се вработени повеќе Американци од кога било, а сиромаштијата меѓу граѓаните на САД, вклучувајќи ги Афроамериканците и Хиспаноамериканците, е на историски минимум.

    – Мојата администрација ги отстранува сите непотребни прописи. Ги намаливме даноците и имаме повеќе инвестиции од која било земја во историјата – рече Трамп.

    Тој изјави дека „не верува во тоа дека на проблемите треба да им се дозволи да се влошат“, бидејќи тогаш е само потешко да се решат.

    – Значи, додека другите само зборуваа, јас делував. Додека другите зборуваа за мир, јас го остварив. Додека другите ги занемаруваа заканите, јас им се спротивставив. Додека другите зборуваа за храброст, Америка ја покажа. Додека другите ветуваа сила, јас ја искористив за да ја направам Америка најмоќна земја во светот. Во соработка со многу нации присутни во оваа сала, решаваме децениски, тешко решливи предизвици и ги завршуваме работите што со години стоеја незавршени. И тоа го правиме успешно – истакна Трамп

    Прочитај повеќе

    Во тешка сообраќајка загина 26-годишниот пејач Горан

    22.09.2026 во 11:37

    Европа влегува во нов период на невообичаено топло време

    22.09.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.