Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда, оваа голгота удри печат на многу семејства
    • Премиерот Мицкоски оствари средба со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау
    • 21 септември – светски ден на Алцхајмеровата болест
    • Уште едно лице почина од западнонилска треска во Македонија
    • Македонски дилер уапсен во Грција по потерница од Италија
    • Струмичко: Усмртен 47-годишен пешак
    • По тешкиот пораз: Мерц најавува осврт на „темелните прашања“
    • Петрушевски: Со измени во Закон се забранува пратеник да има двојно државјанство, лагите на СДС се демантираат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда, оваа голгота удри печат на многу семејства

    Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда, оваа голгота удри печат на многу семејства

    21.09.2026 во 19:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На овој ден во 2017 година, во раните утрински часови, со спектакуларно апсење беше уапсен Игор – уапсен за делото од 27 април. Со тој момент започна нашата голгота, тежок пат кој остави неизбришлив белег врз сите нас, потсети со објава на социјлните мрежи, Ивана Југ, сопруга на починатиот Игор Југ.

    -Поминаа години исполнети со неизвесност, болка и борба. Веќе година ипол Игор не е со нас, а случајот сè уште не е решен. Одговори нема, правда нема! Оваа тишина и неизвесност тежат повеќе од сè, секој ден одново – пишува Ивана.

    Но, таа не се предава. Вели дека тука ништо не застанува. Болката продолжува, борбата продолжува, а спомените не избледуваат.

    -Живееме со оваа тежина и не престануваме да ја бараме вистината. Затоа што Игор не е само спомен – тој е дел од нас, дел што никогаш нема да згасне. Овој ден не е само потсетник на еден настан, туку на една неправда што сè уште трае. И колку и да е тешко, нема да престанеме да бараме правда. За него. За нас. За вистината. Оваа голгота удри печат на многу семејства и многу животи засекогаш ги запечати, вели Ивана.

    Игор Југ беше уапсен за познатите настани на 27 април 2017 година. Беше осуден на 12 години затвор.

    Тој на саркастичен начин ја коментираше пресудата за него:

    „Постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството. Горд сум што никогаш не сум ги предал своите две семејства. Вие оценете дали сум човек кој би бегал, оти ние тоа во Куманово го викаме ‘голо куче‘. Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да ‘изедам’“, рече Југ.

    Почина на 7 февруари 2025 година, на 54 годишна возраст, во својот дом, каде беше пуштен поради нарушено здравје, на денот на седмиот роденден на неговата ќерка.

    Прочитај повеќе

    Премиерот Мицкоски оствари средба со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

    21.09.2026 во 18:57

    21 септември – светски ден на Алцхајмеровата болест

    21.09.2026 во 18:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.