Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува законски пропишаните стандарди за квалитет, покажале најновите анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од претпријатието информираат дека во периодот од 14 до 18 септември биле земени вкупно 412 примероци од 49 мерни места во градот – 206 за физичко-хемиска и 206 за микробиолошка анализа.
„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.
Од претпријатието додаваат дека редовните контроли продолжуваат со цел континуирано следење и обезбедување на квалитетот на водата за пиење во Скопје.

