Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.М.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение дека во текот на август и септември годинава на различни локации во Штип извршил шест кривични дела, информираа од МВР.
Оттаму посочија дека станува збор за едно кривично дело „разбојништво“, две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, едно кривично дело „тешка кражба“ од моторно возило и две кривични дела „кражба“ од моторно возило.
При преземањето мерки, полициските службеници пронашле и одзеле предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела.
„По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, порачаа од МВР.

