Инвестициите во ИКТ индустријата и технологијата го движат економскиот раст, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски од економскиот форум BELTALKS 2026.
Во рамки на форумот што се одржува во Белград, Република Србија, Андоновски беше говорник на панел-дискусијата „Градење економија заснована на вештачка интелигенција: податоци, инфраструктура и конкурентност“.
-Разговараме за иднината на регионот од економски аспект, а јас ги претставувам можностите за инвестирање во Македонија во областа на новите технологии и вештачката интелигенција. Имаме добар почеток, затоа што Македонија забележа раст на БДП од 3,7 проценти во првата половина од 2026 година и раст од 4,3 проценти во вториот квартал, во услови на ниска инфлација. Овој раст е воден и од инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата, истакна Андоновски.

