Јавноста е револтирана по видеото кое денес беше објавено и на кое се гледа несовесен граѓанин кој застанува со возило на мост на реката Радика, од истото вади вреќи и кутии полни со ѓубре и ги фрла со реката.
-Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија. Да фрлаш ѓубре во реката не е „ништо страшно“ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре, стои во описот на видеото.
-Во врска со видеото за кое прашувате ве известуваме дека СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето по што јавноста ќе биде соодветно известена, стои во одговорот.

