Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Костадиновска-Стојчевска учествуваше на состаноците на комитетите на ПССЕ во Париз
    • Сопственикот на дискотеката „Пулс“ излегува од притвор по истекот на законскиот рок од една година
    • Невреме проследено со поројни дождови, град и ветер се движи низ делови од Европа
    • Мицкоски утре на отворање на нов погон на фабриката „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп
    • Мицкоски од Штип: Правиме методологија да ја задржиме цената на струјата или да ја поевтиниме
    • Инспекторите за една недела изрекоа глоби од над 2 милиони денари: Издадени се 80 платни налози
    • Приведена 41-годишна скопјанка: Физички го нападнала својот 16-годишен син
    • Нападнат шумски полицаец во Плачковичкиот регион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костадиновска-Стојчевска учествуваше на состаноците на комитетите на ПССЕ во Париз

    Костадиновска-Стојчевска учествуваше на состаноците на комитетите на ПССЕ во Париз

    09.09.2026 во 16:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија и членка на парламентарната делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Бисера Костадиновска-Стојчевска, учествуваше на состаноците на комитетите на ПССЕ што се одржаа во Париз.

    На 7 септември, таа зеде учество на состанокот на Комитетот за следење на обврските и ангажманите на земјите членки на Советот на Европа, каде што беа разгледани прашања поврзани со исполнувањето на обврските на земјите членки, меѓу кои и состојбите во Грција, како и постмониторинг процесите.

    Костадиновска-Стојчевска на 9 септември учествуваше и на состанокот на Комитетот за правни прашања и човекови права, одржан во Канцеларијата на Советот на Европа во Париз. Состанокот опфати теми од областа на човековите права, владеењето на правото и меѓународното право.

    Меѓу главните точки беше прашањето за обезбедување на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Руската Федерација, вклучително и исплатата на досудениот надомест, при што беа разгледувани предлог-извештај, резолуција и препорака. На дневен ред беа и заканите кон Меѓународниот кривичен суд, а Комитетот разгледа и усвои и декларација со која се повикува да не се глорифицира починатиот осуден воен злосторник Ратко Младиќ.

    Во рамки на работната програма беа опфатени повеќе прашања за заштитата на човековите права, меѓу кои предизвиците во Северен Кавказ, пријавените случаи на политички затвореници во Европа, заштитата на бранителите на човековите права и независните новинари во Азербејџан, како и активностите на Советот на Европа во однос на мигрантите, барателите на азил и бегалците. Разгледано беше и прашањето за незаконското задржување на палестински деца од страна на Израел.

    Комитетот дискутираше и за подготовката на идната Конвенција на Обединетите нации за спречување и казнување на злосторствата против човештвото, при што беше одржано сослушување со експерти и разгледан предлогот за резолуција за учеството на ПССЕ.

    Во однос на растечките закани за медиумскиот плурализам и независноста на медиумите, Комитетот го разгледа и одобри своето мислење. На состанокот беа опфатени и прашања за зајакнување на заштитните механизми против злоупотребата на стоки со двојна намена од страна на авторитарни режими, како и активностите поврзани со претстојниот Самит на Советот на Европа и Светскиот форум за демократија 2026.

    Прочитај повеќе

    Сопственикот на дискотеката „Пулс“ излегува од притвор по истекот на законскиот рок од една година

    09.09.2026 во 16:24

    Мицкоски утре на отворање на нов погон на фабриката „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп

    09.09.2026 во 15:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.