Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата

    08.07.2026 во 10:54

    ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

    08.07.2026 во 10:42

    Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали

    08.07.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата
    • ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
    • Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали
    • Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на Левица конечно си го откри сопственото лице

    ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на Левица конечно си го откри сопственото лице

    24.09.2025 во 10:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Раководството на Левица конечно си го откри сопственото лице. Партијата која инаку се самопрогласува за револуционерна сила, сега е јасно дека е сведена само на приватна сопственост на Апасиев и раководството на Левица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

    „Апасиев со својата самобендисаност, ја претвори партијата во алатка за лична промоција. Освен што пишува статуси кои вриштат од суетност и се приказни за собирање дневно политички поени, правење збрки во јавноста не прави ништо друго.

    Така е и со раководството на партијата. Од 2021 година досега, Апасиев и Мециновиќ инкасирале во свој џеб повеќе од 1 милион денари од партиската каса. Јована Мојсоска, примила околу 600.000 денари во истиот период, додека пак Крмов  270.000 денари, а Исмаил над 300.000 денари.

    Како се прави распределбата во Левица, дали постои некаков транспарентен критериум и како ова се вклопува во реториката на партијата?

    Оттука, јасно е дека Левица воопшто не се занимаваат со  вистинските проблеми на граѓаните, нивната политика е сведена да бројат кој пратеник колку земал за патни трошоци, кое инаку на пратениците им е законско загарантирано право.

    Во меѓувреме, додека полемичарат за патните трошоци,  тие самите земаат стотици илјади денари од партиската каса. 

    Партиска каса која инаку се полни од буџетот на државата, односно парите на граѓаните. Истите граѓани кои ги убедуваат да донираат за Левица.

    Додека членството им верува, раководството ја користи партијата како банкомат. Комплетно се изгубија во сопствената хипокризија, која не само што го предаде сопственото членство, граѓаните , туку си ја предаде и сопствената идеологија. 

    Како овие интелектуалци и борци за еднаквост ќе им објаснат на сопствените членови и гласачи, додека тие им веруваат и донираат раководството си дели стотици илјади денари. Дали Левица воопшто ги слуша граѓаните, или само постои за одржување на моќта на неколкумина?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови

    08.07.2026 во 09:40

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    08.07.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.