Close Menu
Press24
    Најново

    Вторник е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

    04.09.2026 во 09:45

    Цената на нафтата драстично скокна – колку ќе поскапат горивата во Македонија

    06.09.2026 во 12:40

    Младеновска: Дали уапсениот владин возач е само продолжена рака на Игор Јанушев?

    06.09.2026 во 11:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ги објави температурите во 14 часот: Најтопло во Гевгелија, најсвежо на Попова Шапка
    • Автобус со ученици падна во провалија, најмалку 21 лице загинаа во страшна несреќа на Зеленортските Острови
    • Драматична борба со огнената стихија во Црна Гора – Воздухопловните сили исфрлија над 100 тони вода врз најкритичните точки
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да ја разбере неселективноста во борбата против корупцијата
    • Пожарот над велешко Ногаевци повторно се разгоре — огнот се шири и кон селото Кочилари
    • Уапсени 17 возачи за едно деноноќие — возеле пијани, без дозвола и во спротивен правец
    • Владата за уапсениот возач: Акцијата е по иницијатива на институциите, ова е бескомпромисна борба против корупцијата
    • Скопјанец пријавил оштетување на куќата од залутан куршум во Драчево
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да ја разбере неселективноста во борбата против корупцијата

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да ја разбере неселективноста во борбата против корупцијата

    06.09.2026 во 15:04Updated:06.09.2026 во 15:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во нивниот светоглед е неприфатливо законот да важи за сите подеднакво и затоа тие не можат или не сакаат да ја разберат неселективноста во борбата против корупцијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на СДСМ. 

    „И еве неколку факти:

    Митото со кое е фатен осомничениот нема апсолутно никаква врска со Игор Јанушев, ниту, пак, Јанушев на каков било начин бил вмешан во овој случај.

    Овој случај на спречена корупција немаше да биде успешно разрешен доколку немаше јасна и недвосмислена волја кај носителите на функции да ѝ се застане на патот на корупцијата.

    За да се спречи оваа корупција, лицето од кое се барало мито морало да го пријави случајот и да прифати да дејствува со обележани пари. Носителите на функции не се повлекоа, не калкулираа, туку охрабрија овој случај да добие епилог.

    Има разлика. Во времето на СДС корупција имаше од чистачка до министер, од Рашковски, до Венко Филипче и Заев. Сега борбата против корупцијата не познава припадност и не прифаќа калкулации.

    Апелираме и до малиот дел од медиумите, кои се инструирани од опозицијата, да не прифаќаат да бидат манипулирани и да не изнесуваат клеветнички, невистинити и дезинформирачки содржини, туку да се држат до проверените и официјалните информации“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Владата за уапсениот возач: Акцијата е по иницијатива на институциите, ова е бескомпромисна борба против корупцијата

    06.09.2026 во 14:07

    ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт

    06.09.2026 во 13:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.