Close Menu
Press24
    Најново

    Вторник е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

    04.09.2026 во 09:45

    Хрват покажал среден прст кон камерите – 700 евра казна

    04.09.2026 во 10:36

    Студен фронт го зафаќа регионот

    04.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Активни пожари кај Грачани и Македонски Брод, изгаснати 24 пожари
    • СДСМ: Осум недели се крие извештајот за водата во Гостивар, институциите молчат
    • „Вреди“: Македонија стана дел од Вертикалниот гасен коридор, се намалува зависноста од еден извор
    • Гужва на ГП Богородица
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е против секој проект за развој, дури и сопартијците не го поддржуваат за дата-центрите
    • СДСМ: Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени од западнонилска треска
    • Времето денеска сончево и топло
    • Еден разговор ќе открие важна вистина, а за овие знаци следува големо изненадување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК: Активни пожари кај Грачани и Македонски Брод, изгаснати 24 пожари

    ЦУК: Активни пожари кај Грачани и Македонски Брод, изгаснати 24 пожари

    05.09.2026 во 10:572 Mins Read
    ФОТО: ДЗС
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На територијата на државата заклучно до 07:30 часот утрово се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни, пет се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Според информациите од ЦУК, активни се пожарите во општина Ѓорче Петров кај селото Грачани, кој е проширен и на територијата на Косово, како и во општина Македонски Брод, кај селото Белица во месноста Кајорец, каде што гори нискостеблеста деградирана и мешана шума.

    Под контрола се ставени пет пожари. Станува збор за пожарот на нискостеблеста шума во општина Струга (селата Буринец, Локов и Селци), пожарот кај селото Копаница во општина Сарај, како и во општина Чучер-Сандево кај селото Брест во месноста Рамно. Под контрола се и локализираните пожари на градските депонии во Кратово и Делчево.

    Од ЦУК информираат дека во изминатото деноноќие се целосно изгаснати 24 пожари во повеќе општини низ земјава.

    Изгаснати се пожарите во селата Копаница и Горна Арнакија во општина Сарај, во ул. 516 во Стара Комуна во Гази Баба, депонијата во Грушино во Арачиново, како и мешаната шума кај селото Барово во Сопиште. Изгаснати се и пожарите кај Тепавци во Новаци, во Битола, кај Моноспитово и Бориево во Струмица, како и во селата Дамјан и Подареш во Радовиш.

    Пожарникарите целосно ги ликвидираа и пожарите во Фурка (Дојран), Октиси (Струга), Преглово (Македонски Брод), Кочилари и Бекирлија (Градско и Лозово), Водоврати (Градско), Виница, Кочани, населба Карпош во Куманово, Оризаре во Липково, Глоѓе и Нераште во Теарце, Палатица во Желино, Чајле во Гостивар, како и на планината Бистра во општина Маврово и Ростуше.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Осум недели се крие извештајот за водата во Гостивар, институциите молчат

    05.09.2026 во 10:54

    „Вреди“: Македонија стана дел од Вертикалниот гасен коридор, се намалува зависноста од еден извор

    05.09.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.