Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: „Филипче на иста линија со Кина, против стратешкиот партнер САД“

    Лефков: „Филипче на иста линија со Кина, против стратешкиот партнер САД“

    02.09.2026 во 11:092 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче и раководството на СДС, ширејќи, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „лаги и хистерија“ во јавноста за изградбата на дата центрите, се ставиле на иста линија со Кина, а против САД, кои се стратешки партнер на Македонија.

    Ова го истакна Миле Лефков, член на Извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

    Од партијата посочуваат дека и во САД постојат обиди за креирање негативно јавно мислење против изградбата на дата центри. Според нив, американски медиуми известувале дека дел од содржините против оваа индустрија организирано се шират преку профили поврзани со Кина.

    „И овие профили на социјалните мрежи организирани од Кина се на иста линија со Филипче или Филипче е на иста линија со нив“, рече Лефков.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ставот на Кина е разбирлив, бидејќи САД со развојот на дата центрите се голем конкурент, но дека не го разбираат ставот на Филипче.

    „Покрај наводната грижа која Филипче ја изразува од евентуално зголемено трошење електрична енергија и штетно влијание на водите во државата, тој вчера посочи дека граѓаните нема да видат никаква добивка од дата центрите“, истакна Лефков.

    Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Филипче смета дека граѓаните немаат корист од развојот на напредна индустрија и дали национален дата центар, во кој би се чувале податоци на граѓаните и државата, не претставува придобивка.

    „Филипче и СДС покажуваат само едно – грижа за сопствени интереси, но не и интереси за подобар живот на граѓаните“, стои во реакцијата.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.