Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани

    01.09.2026 во 14:02

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: 2026 е најлоша година за образованието
    • Отворен повик за млади: Бесплатна летна школа во Дојран, покриени се превозот, сместувањето и храната
    • Замина уште еден од познатите југословенски политичари: Почина Раиф Диздаревиќ
    • Ќе нема вода – Водовод информира на кои улици ќе има исклучувања
    • Секоја чест: На 72 години Маја „грмеше“ на плоштадот во Скопје
    • Левица: „Проблемот не е што народот не раѓа, туку што младите си одат“
    • 15 години приказни, изложби и проекти: Музејот на македонската борба одбележува јубилеј
    • Реновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден: Нови услови за спортистите и младите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: 2026 е најлоша година за образованието

    СДСМ: 2026 е најлоша година за образованието

    02.09.2026 во 10:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од СДСМ велат дека 2026 година е најлошата година за македонското образование од осамостојувањето до денес, посочувајќи на намалувањето на бројот на првачиња, празните училишта и намалениот број на паралелки.

    „Поразителни се бројките: 3.000 помалку првачиња, 148 празни училишта, 433 паралелки помалку, а се затвораат и 26 подрачни училишта“, наведуваат од СДСМ.

    Од партијата оценуваат дека почетокот на учебната година никогаш не изгледал „потажно“ и го нарекуваат тоа „дебакл на политиките на Мицкоски“.

    „Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја губиме иднината“, велат од СДСМ.

    Според нив, лошата економска состојба, иселувањето и, како што наведуваат, блокирањето на европскиот пат се меѓу причините поради кои Македонија ги губи младите и работната сила.

    Од СДСМ ја обвинуваат Владата дека наместо да создава услови младите да останат во земјава, испраќа пораки за „спални соби“ и зборува за увоз на „економски работници“.

    „Или како што вели Мицкоски во едно негово интервју: ‘Празниот простор дома ќе мора да се пополнува со работници од трети земји’“, цитираат од СДСМ.

    Од партијата додаваат дека тоа, според нив, е политиката на Владата – македонските работници да бидат заменети со работници од трети земји.

    „Тоа денеска на сите им е јасно“, стои во реакцијата на СДСМ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Отворен повик за млади: Бесплатна летна школа во Дојран, покриени се превозот, сместувањето и храната

    02.09.2026 во 10:49

    Замина уште еден од познатите југословенски политичари: Почина Раиф Диздаревиќ

    02.09.2026 во 10:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.