Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: „Проблемот не е што народот не раѓа, туку што младите си одат“

    Левица: „Проблемот не е што народот не раѓа, туку што младите си одат“

    02.09.2026 во 10:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од Политичката партија Левица реагираат на изјавите на претставници на ВМРО-ДПМНЕ за демографската состојба, наталитетот и вредностите на младите.

    „ДПМНЕ деновиве сè погласно зборува за ‘демографската катастрофа’, наталитетот и ‘погрешните вредности’ на младите. Причината е едноставна – бројките веќе не можат да се сокријат“, велат од Левица.

    Оттаму посочуваат дека на почетокот на новата учебна година Македонија има околу 3.000 првачиња помалку од минатата година, а десетици училишта остануваат без ученици.

    „Додека државата буквално се празни пред нивни очи, ДПМНЕ панично бара некого врз кого ќе ја префрли вината за последиците од политиките кои со децении ги создаваат сите досегашни партии кои ги грееле фотелјите во Влада“, стои во реакцијата.

    Од Левица ја критикуваат и министерката за образование Весна Јаневска поради пораката до првачињата да бараат од родителите да им родат братче или сестриче.

    „Додека клупите остануваат празни затоа што цели семејства ја напуштаат Македонија, министерката задолжена за образованието им држи лекции на шестгодишни деца како тие треба да ја решаваат демографската криза“, велат од партијата.

    Левица оценува дека проблемот не е во „вредностите“ на младите, туку во условите за живот во земјава.

    „Не е проблем што млад човек со години учи за потоа да бара работа преку партиска книшка. Не е проблем што сопствениот дом станува недостижен сон и со две плати. Не е проблем што јавното здравство пропаѓа, а образованието се претвора во уште една област во која се гледа кој има врска, а кој нема. Не е проблем што корупцијата ја изеде секоја институција и ја уништи секоја доверба дека во оваа држава нешто може да се постигне без партија, врски и политичка припадност. Не – проблемот, според ДПМНЕ, е што народот не раѓа доволно“, наведуваат од Левица.

    Од партијата додаваат дека младите ја напуштаат земјава бидејќи бараат подобри услови за живот и можности за иднината.

    „Македонија не останува без деца затоа што младите одеднаш престанале да сакаат семејства. Македонија останува без деца затоа што останува без млади луѓе“, велат од Левица.

    Според нив, особено лицемерна е, како што наведуваат, „грижата“ за демографијата, имајќи предвид дека Мицкоски пред една година размислувал за воведување данок за немажени и неженети.

    „Многу е полесно да го обвиниш народот дека нема доволно патриотизам, семејни вредности или желба за раѓање, отколку да признаеш дека под ДПМНЕ и СДСМ пропаднаа сите столбови на едно нормално општество“, велат од Левица.

    „Додека десницата на чело со ДПМНЕ ги обвинува граѓаните дека не раѓаат доволно, граѓаните секојдневно гласаат против нивните политики со нозете – заминуваат. Со ДПМНЕ, нема да остане кој да ги полни училиштата, а камо ли породилиштата“, стои во реакцијата.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.