Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани

    01.09.2026 во 14:02

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Реновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден: Нови услови за спортистите и младите
    • Јаневска за пораката „Побарајте братче или сестриче“: „Немав намера да навредам никого“
    • Се судрија два трговски брода пред Истанбул – се трага по 10 членови на екипажот
    • Зеленски ги предупреди авиокомпании: Ќе го наполниме руското небо со дронови – не летајте таму
    • Путин: Не дај Боже тоа да се случи
    • Шокантен улов во Охридското Езеро: 4 километри забранети мрежи и 117 килограми риба (ФОТО)
    • Американски ракети погодиле свадба во Иран – најмалку 5 загинати
    • Нафтата „лета” кон 100 долари: Се стравува од нов удар врз цените на горивата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Реновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден: Нови услови за спортистите и младите

    Реновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден: Нови услови за спортистите и младите

    02.09.2026 во 10:041 Min Read
    Општина Илинден
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Илинден целосно ја реновираше спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, со што објектот доби современи, пофункционални и побезбедни услови за спортистите, младите и љубителите на спортот.

    „Реновирањето се реализираше по речиси две децении активно користење на салата, со повеќе градежни и технички интервенции насочени кон подобрување на нејзината функционалност, безбедност и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

    Во рамки на проектот целосно е саниран паркетот, со негово стругање и нанесување три слоја специјален заштитен лак отпорен на гребење и пролизгување. Дополнително, теренот е повторно обележан за различни спортски дисциплини.

    Обновени се ѕидовите и таваните, а трибините се бојадисани и опремени со нови седишта. Поставена е и нова заштитна ограда, заменет е гумираниот под, а реновирани се и соблекувалните.

    Во рамки на реконструкцијата се бетонирани стопи и поставени метални елементи за монтажа на мобилни столбови за одбојка, со што се создаваат подобри услови за тренинзи и натпревари во повеќе спортови.

    Како дел од модернизацијата на салата, претходно биле заменети и старите металхалогени рефлектори со современи ЛЕД-светилки. Новото осветлување обезбедува подобра видливост, но и значително поголема енергетска ефикасност.

    Just In Picks
    Прочитај повеќе

    Јаневска за пораката „Побарајте братче или сестриче“: „Немав намера да навредам никого“

    02.09.2026 во 10:03

    Шокантен улов во Охридското Езеро: 4 километри забранети мрежи и 117 килограми риба (ФОТО)

    02.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.