Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Ковачки: Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за нови членови и воведува дигитално ажурирање

    31.08.2026 во 11:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЕУ не ги менува Шенген-правилата за возачите од регионот, понудени опции за долгорочни визи
    • Премиерот Мицкоски утре на официјална промоција на проектот „Градски воз“
    • УХМР ги објави температурите во 17 часот: Врие во Демир Капија, Кавадарци и Скопје
    • Поставена дополнителна опрема: Системот „Безбеден град“ почна да ги лови и мотоциклистите
    • Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во неколку скопски општини
    • Пуштена во употреба новата катна гаража во Пивара Скопје: 400 нови паркинг места за вработените
    • Скопје: Му ги олабавиле шрафовите на тркалото на автомобилот на сопругата, претходно две години добивал закани
    • Екс-градоначалникот на Дебрца заработи кривична пријава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ не ги менува Шенген-правилата за возачите од регионот, понудени опции за долгорочни визи

    ЕУ не ги менува Шенген-правилата за возачите од регионот, понудени опции за долгорочни визи

    01.09.2026 во 17:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Професионалните возачи од земјите надвор од Европската Унија ќе мора и понатаму да се придржуваат до постојните Шенгенски правила, иако Европската комисија признава дека актуелниот режим создава сериозни потешкотии за оние чија работа бара често и долготрајно патување.

    Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, изјави дека Брисел е запознаен со проблемот со кој се соочуваат одредени категории професионалци од трети земји, меѓу кои и возачите на камиони. Според него, станува збор за работници кои поради природата на својата професија имаат потреба од пристап до Шенген-просторот подолго од 90 дена во период од 180 дена.

    „Ова се однесува на професии кои бараат висок степен на мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеја“, посочи Ламерт.

    Тој нагласи дека решавањето на проблемот во одредена мера зависи и од националните законодавства и билатералните договори на земјите-членки, со што постои простор за изнаоѓање практични решенија во рамките на актуелните правила. Како можни механизми се наведуваат долгорочните визи и дозволите за престој, додека во одредени ситуации возачите би можеле да бидат третирани како прекугранични работници.

    Ламерт појасни дека новиот систем за влез и излез не воведува нови ограничувања, но Комисијата останува отворена за разговори за специфичната положба на професионалните возачи.

    „Продолжуваме да соработуваме со нашите партнери од Западен Балкан“, рече Ламерт, додавајќи дека за ова прашање во повеќе наврати било разговарано и со претставници на транспортниот сектор.

    Оваа реакција следува по протестите на стотици превозници од Скопје, Сараево, Белград и Подгорица пред делегациите на ЕУ. Тие бараат исклучување од правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена и најавија можни блокади на границите кон ЕУ доколку не се најде решение.

    Прочитај повеќе

    Премиерот Мицкоски утре на официјална промоција на проектот „Градски воз“

    01.09.2026 во 17:21

    УХМР ги објави температурите во 17 часот: Врие во Демир Капија, Кавадарци и Скопје

    01.09.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.