Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЕУ го руши бизнисот на Тему – кинезите се приспособуваат
    • Пекол уште во 11 часот: УХМР ги измери температурите – Попладне пресврт
    • Грција потпишува голем воен договор со Израел
    • ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата се намалува, горивата се меѓу најевтините во регионот
    • Недвижностите брзо растат: Просек квадрат во Скопје од 1650 скокна на 2150 евра
    • ДУИ: Вратете ги 6-те милиони евра за Булеварот „Хасан Приштина“
    • Вишото Обвинителство ја враќа истрагата за „Мазут“ – ОЈОГОКК добиле слаби вештачења
    • Скокна цената на нафтата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ го руши бизнисот на Тему – кинезите се приспособуваат

    ЕУ го руши бизнисот на Тему – кинезите се приспособуваат

    31.08.2026 во 11:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новата привремена давачка од три евра за мали пратки што влегуваат во Европската Унија веќе дала видлив ефект врз продажбата преку кинеските онлајн-платформи „Тему“, „Алиекспрес“ и „Шеин“.

    Според податоците објавени по два месеца од примената на мерката, бројот на мали пратки во ЕУ се намалил за 30 до 40 проценти. Само во јули продажбата на „Тему“ на европскиот пазар паднала за околу 50 проценти, на „Алиекспрес“ за 37 проценти, а на „Шеин“ за околу 15 проценти.

    Од 1 јули за пратките со вредност до 150 евра се применува фиксна давачка од три евра. Мерката е привремена и треба да остане во сила до 1 јули 2028 година, кога ЕУ планира да воведе нов дигитален царински систем и редовни процентуални давачки за увозот.

    Кинеските платформи, сепак, веќе се приспособуваат на новите правила. Дел од нив отвораат сопствени складишта или користат европски логистички центри, а нарачките сè почесто ги групираат во големи пратки што потоа локално се распределуваат до купувачите. „Шеин“ веќе подолго време развива мрежа на складишта во Германија, Франција и Полска, додека „Тему“ го забрзал овој процес во 2026 година.

    Дел од компаниите, според анализите, го преземаат и дел од трошокот од новата давачка за да не ги изгубат купувачите. Наместо дополнителната такса да биде прикажана одделно, дел од трошокот се вградува во цената на производот, а остатокот го покрива самата платформа.

    ЕУ ја воведе мерката со образложение дека огромниот број евтини директни пратки од трети земји создава нелојална конкуренција за европските трговци и го отежнува надзорот врз безбедноста на производите.

    Во текот на 2025 година во Европската Унија пристигнале околу 5,9 милијарди производи со ниска вредност, што е повеќе од 16 милиони дневно. Дополнителен проблем е што при проверки повеќе од 60 проценти од производите со ниска вредност не ги исполнувале европските правила и безбедносни стандарди.

    Новата давачка не се применува директно во Македонија, бидејќи земјата не е членка на ЕУ. Македонските купувачи и натаму нарачуваат според домашните царински правила.

    Сепак, ограничувањето на европскиот пазар може индиректно да влијае и врз земјите од Западен Балкан. Доколку продажбата во ЕУ продолжи да паѓа, дел од евтината кинеска стока би можела поинтензивно да се насочи кон пазари каде вакви мерки сè уште не се воведени.

    Прочитај повеќе

    Грција потпишува голем воен договор со Израел

    31.08.2026 во 11:15

    Жена избодена до смрт на улица во Германија

    31.08.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.