УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија во 11 часот претпладне.
Според податоците, најниска температура има на Попова Шапка каде се измерени 21 степени.
Скопје, Кавадарци, Гевгелија, Демир Капија и Зајчев Рид со 31 степени се најтоплите места во 11 часот.
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во одделни места ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, додека максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а дневната максимална ќе достигне до 38 степени.
Според УХМР, и во текот на новата работна седмица времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за појава на локална нестабилност, која ќе биде поизразена во среда и четврток.

