Жена го загуби животот откако утринава била нападната со нож на улица во градот Еркнер, кој се наоѓа југоисточно од Берлин, во германската сојузна покраина Бранденбург.
Инцидентот се случил околу 6:30 часот наутро. И покрај брзата интервенција и обидите за реанимација, медицинскиот персонал за итни случаи не успеал да ѝ го спаси животот. Таа починала на самото место од тешките повреди нанесени со остар предмет.
По нападот, осомничениот првично избегал од местото на настанот, по што полицијата веднаш започнала опсежна потрага. По извесно време, полициските службеници успеале да го лоцираат и да го лишат од слобода.
Истражните органи засега не соопштуваат детали за можните мотиви или за тоа дали жртвата и осомничениот се познавале од претходно.
Случајот го презеде криминалната полиција, а форензички тимови вршат увид на теренот за прибирање докази.
Поради истрагата, пошироката област околу местото на злосторството е блокирана. Воведени се сообраќајни ограничувања, а привремено е затворен и еден од пристапите до автопатот А10.

