Close Menu
Press24
    Најново

    Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје

    29.10.2026 во 10:19

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него

    29.10.2026 во 10:10

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грчките земјоделци повторно излегуваат на протест со трактори на 5 септември

    Грчките земјоделци повторно излегуваат на протест со трактори на 5 септември

    31.08.2026 во 09:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчките земјоделци ќе одржат протест во Солун на 5 септември, на денот кога во градот официјално се отвора 90-тиот Меѓународен саем.

    Одлуката е донесена на состанокот во Неа Малгара, каде што присуствуваа претставници на земјоделските здруженија од Солун, Лариса, Серес, Кардица, Иматија, Пиерија, Пела и Гревена.

    Протестниот собир е закажан за 17:00 часот кај Белата кула во Солун, а земјоделците најавија дека на собирот ќе учествуваат и со трактори.

    Меѓу нивните главни барања се поддршка на приходите, намалување на високите трошоци за производство, реформи во системот за земјоделско осигурување, заштита на субвенциите и воведување ограничувања на увозот.

    Дополнително, земјоделските производители бараат ослободување од натрупаните долгови, зголемување на пензиите и соодветен надомест за сите претрпени загуби во секторот.

    Овој протест е продолжение на барањата од јануари годинава, кога земјоделците ги прекинаа блокадите на главните патишта во Грција и предупредија дека ќе го блокираат Меѓународниот саем во Солун доколку надлежните не ги исполнат нивните барања.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.