Дел од жителите на улиците 26 и 34 во населбата Радишани, во Општина Бутел, денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 8 до 15 часот.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекинот е поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.

