Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Камиони пред Делегацијата на ЕУ: Превозниците бараат слободен престој во Шенген

    Камиони пред Делегацијата на ЕУ: Превозниците бараат слободен престој во Шенген

    31.08.2026 во 08:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонските превозници денеска ќе излезат на предупредувачки протест пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје, барајќи итно решение за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната.

    Протестот, организиран од транспортната асоцијација „Макам-транс“, ќе се одржи од 12 до 14 часот. Пред седиштето на Делегацијата ќе бидат паркирани дваесетина товарни возила, а ќе присуствуваат сопственици на транспортни компании, професионални возачи и други вработени во транспортниот сектор.

    Превозниците протестот го организираат во пресрет на утрешниот состанок на работната група во Брисел, од кој очекуваат конкретен чекор кон надминување на проблемот со правилото 90/180. Според ова правило, државјани на земји кои не се членки на ЕУ можат да престојуваат најмногу 90 дена во рамки на период од 180 дена.

    Од „Макам-транс“ велат дека по седум месеци сè уште нема трајно решение, поради што сакаат да испратат јасна порака до европските институции.

    „После седум месеци сè уште не е надминат проблемот со престојот, а бидејќи септември е почеток на работите, сакаме да испратиме јасна порака да се направи нешто. На 1 септември се очекува да има средба на претставници на сите земји од Шенген-зоната, на која бараме да биде на дневен ред и нашето прашање“, изјави за МИА Биљана Муратовска, генерален секретар на „Макам-транс“.

    Истовремено, протестни активности ќе има и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Превозниците од овие земји се соочуваат со истиот проблем и бараат професионалните возачи да добијат соодветен статус кој ќе им овозможи непречено извршување на работните обврски во земјите од Шенген.

    Од „Макам-транс“ посочуваат дека во изминатите месеци не е покажана доволна волја за решавање на прашањето, иако, како што велат, во новата визна стратегија професионалните возачи се препознаени како лица кои вршат специфична професионална дејност.

    Од Министерството за транспорт, пак, велат дека Владата презема активности за да им помогне на македонските превозници, меѓу другото и преку склучување билатерални договори со земји од Шенген-зоната.

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски неодамна посочи дека Македонија веќе има договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а во периодот што следува се планирани разговори со Австрија, Словенија и Германија.

    Целта, според него, е преку билатерални договори да се обезбедат најфреквентните транспортни рути по кои се движат македонските превозници.

    Николоски порача дека Владата има разбирање за проблемот со кој се соочува транспортниот сектор и дека продолжува да бара решенија во рамки на своите можности.

    Превозниците, сепак, инсистираат на системско и долгорочно решение на европско ниво. Тие предупредуваат дека неизвесноста на границите влијае врз работењето на компаниите, а дел од возачите одбиваат да патуваат поради страв од проблеми при влез или престој во Шенген-зоната.

    Според „Макам-транс“, околу 17.000 професионални возачи од Македонија се засегнати од проблемот, додека на ниво на Западен Балкан бројката достигнува околу 100.000 возачи.

    Доколку на утрешниот состанок во Брисел не биде постигнато преодно решение, превозниците најавуваат нови активности. Како можна следна мерка е предложен протест на граничните премини на 14 септември, при што секоја земја би организирала блокади на сопствените гранични премини.

    Превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и претходно протестираа со блокирање на товарните терминали на граничните премини, барајќи да бидат изземени од новите правила и системи за контрола на влез и излез во ЕУ.

    Од секторот предупредуваат дека продолжувањето на проблемот може да предизвика дополнителни економски последици за транспортните компании и за целокупниот товарен сообраќај во регионот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.