Close Menu
Press24
    Најново

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20

    Франција ги забранува мобилните телефони и во средните училишта

    29.08.2026 во 14:08

    Поранешен советник на Заев се спомнува во афера во Косово за соработка со српски тајни служби

    29.08.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заврши референдумот: Исланд и рече „НЕ“ на ЕУ
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ садеше марихуана – ние носиме дата центри
    • СДСМ: Со кого Мицкоски договара дата центри
    • УХМР: Попладне доаѓа невреме
    • Фероинвест ожнеа 250 хектари пченка – ќе ја претвори во електрична енергија
    • Костовски до ДУИ: Во Бутел нема наши и ваши
    • ДУИ: ВЛЕН се плаши да го спомене името на Стоилковиќ
    • Двокатен автобус се запали на Водно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заврши референдумот: Исланд и рече „НЕ“ на ЕУ

    Заврши референдумот: Исланд и рече „НЕ“ на ЕУ

    30.08.2026 во 11:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните на Исланд се изјаснија против обновување на пристапните преговори со Европската Унија, покажуваат резултатите од референдумот одржан во саботата.

    По преброени околу 188.500 гласови, 52,5 проценти од гласачите се изјасниле против повторно отворање на преговорите, додека 47,5 проценти биле за. Пет од шест изборни окрузи веќе ги објавиле конечните резултати, а и во преостанатиот југозападен округ водела опцијата „не“.

    Во текот на изборната ноќ првично воделе приврзаниците на европската интеграција, особено по пребројувањето на гласовите од Рејкјавик. Сепак, со пристигнувањето на резултатите од руралните делови на земјата, предноста преминала на страната на противниците на продолжувањето на преговорите.

    Референдумот го иницираше владата на премиерката Криструн Фростадотир, а граѓаните одлучуваа само дали Исланд треба повторно да ги отвори пристапните преговори со ЕУ. Гласањето не беше директно изјаснување за членство, а и евентуален договор за пристапување дополнително ќе требаше да биде ставен на нов референдум.

    Главни теми во кампањата беа економијата, безбедноста и контролата врз природните ресурси. Поддржувачите на членството тврдеа дека ЕУ би донела поголема економска и геополитичка стабилност, додека противниците предупредуваа на губење дел од националниот суверенитет.

    Особено чувствително прашање беше рибарството. Исланд располага со богати риболовни води, а стравувањата дека членството во ЕУ би ја ограничило националната контрола врз квотите и пристапот до морските ресурси со години се една од главните пречки за европската интеграција.

    Исланд првпат поднесе апликација за членство во Европската Унија во 2009 година, по финансиската криза. Преговорите беа ставени во мирување во 2013 година по смената на власта, но апликацијата никогаш формално не беше повлечена.

    Прочитај повеќе

    Српски полицаец ги убил зетот и внуката па си пресудил

    29.08.2026 во 20:16

    Силно невреме на Кипар – еден повреден од удар на гром

    29.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.