Close Menu
Press24
    Најново

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 14:11

    Во септември растат пензиите: Колку пари ќе добијат македонските пензионери

    28.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ: 105 Албанци аплицирале за полициското училиште но не биле примени
    • ЦУК: Се уште активни се 7 пожари
    • Пензионерска тепачка во Куманово – еден во болница
    • Тетово: Приведен дедо – со стап го тепал внукот
    • Бојковска: Владините политик носат инвестиции, раст и поголема економска сигурност
    • Голем пожар над Сараево
    • Евакуација во делови на Албанија поради пожарите
    • Струга: Жена му влегла дома, го истепала и му ги земала парите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: 105 Албанци аплицирале за полициското училиште но не биле примени

    ДУИ: 105 Албанци аплицирале за полициското училиште но не биле примени

    29.08.2026 во 13:201 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ДУИ тврди дека 105 ученици Албанци аплицирале за упис во средното полициско училиште, но ниту еден од нив не бил примен, оценувајќи дека станува збор за сериозна дискриминација и нарушување на принципот на правична застапеност.

    Од партијата бараат Министерството за внатрешни работи и Владата да објаснат според кои критериуми бил извршен изборот на кандидатите и како е можно, како што велат, од 105 пријавени Албанци да не биде примен ниту еден.

    ДУИ оценува дека ваквиот исход испраќа лоша порака и дополнително ја нарушува довербата на албанската заедница во државните институции.

    Од партијата најавуваат дека ќе бараат целосна транспарентност за процесот на селекција, вклучително и објавување на бројот на кандидати по етничка припадност, освоените бодови и конечната ранг-листа.

    ДУИ бара случајот да биде преиспитан и надлежните институции да утврдат дали при приемот биле почитувани законските процедури и принципите на еднаква застапеност.

    Од МВР засега нема реакција на обвинувањата на ДУИ.

    Прочитај повеќе

    Бојковска: Владините политик носат инвестиции, раст и поголема економска сигурност

    29.08.2026 во 12:53

    ДУИ: Ратко Младиќ е злосторник – ВЛЕН се крие

    29.08.2026 во 11:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.