Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Експлозија на автомобил во Санкт Петербург: Загина висок руски воен офицер, сопругата е во критична состојба
    • Борозан: Дата-центри ќе ја црпат струјата и водата од Вардар за приватни профити
    • Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа, Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда
    • Нов напад врз нафтен танкер во Ормуската Теснина: Бродот погоден со проектил
    • МВР: За три дена казнети над 1.600 лица, 43 возачи лишени од слобода
    • Македонија гори: Измерени високи температури уште во 8 часот наутро
    • СДСМ: Мицкоски и Клековски ја кријат вистината за водата во Гостивар, нема извештај ниту по 6 недели
    • Ново предупредување во Романија: Жителите на Тулча добија аларм за можен пад на дронови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Експлозија на автомобил во Санкт Петербург: Загина висок руски воен офицер, сопругата е во критична состојба

    Експлозија на автомобил во Санкт Петербург: Загина висок руски воен офицер, сопругата е во критична состојба

    27.08.2026 во 11:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Висок руски воен офицер загина утринава во Санкт Петербург откако експлодираше неговиот автомобил, додека неговата сопруга е тешко повредена и пренесена во болница.

    Инцидентот се случил на Ростовската улица, на паркинг во станбена зона, во моментот кога возачот го активирал моторот на џипот од кинеско производство од марката „Geely“.

    Според локалниот медиум „Фонтанка“ и безбедносните канали на Телеграм, од силината на детонацијата мажот им подлегнал на повредите на лице место. Неговата сопруга, која исто така била во возилото, во критична состојба е хоспитализирана на одделот за интензивна нега.

    Ударниот бран бил толку силен што ги разнел задните стакла, го откорнал поклопецот од моторот и задниот браник, додека делови од автомобилот биле расфрлани на десетици метри околу местото на настанот.

    На терен веднаш биле испратени истражни екипи, форензичари и противпожарни единици.

    Официјалните руски власти сè уште не го соопштуваат идентитетот на загинатиот офицер, ниту точната причина за експлозијата.

    Прочитај повеќе

    Нов напад врз нафтен танкер во Ормуската Теснина: Бродот погоден со проектил

    27.08.2026 во 11:04

    Ново предупредување во Романија: Жителите на Тулча добија аларм за можен пад на дронови

    27.08.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.