Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за „Онкологија“: Одбраната тврди дека вештакот на Обвинителството немал целосна медицинска документација

    Судење за „Онкологија“: Одбраната тврди дека вештакот на Обвинителството немал целосна медицинска документација

    26.08.2026 во 13:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во лекувањето на одделни пациенти учествувале од три до осум медицински лица и не може да се бара индивидуална одговорност само кај обвинетите, изјави техничкиот советник на одбраната, доктор Владимир Даниловски, на денешното судење за случајот „Онкологија“.

    Пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде им се суди на поранешниот директор Нино Васев и уште двајца онколози за несовесно лекување, Даниловски посочи дека вештото лице на Обвинителството, доктор Маја Радник од Словенија, не располагала со целокупната медицинска документација.

    Според него, од 165 достапни документи за терапија на еден пациент, на вештото лице ѝ биле доставени 60, додека кај друг пациент недостасувале документи за 11 години лекување.

    Даниловски во своето излагање истакна дека не е докажана директна причинско-последична врска меѓу постапувањето на д-р Васев и исходот кај пациентите.

    „Повеќегодишната терапевтска контрола на болеста и повеќекратно подолгото преживување на пацинетот не одат во прилог на тврдењето дека дадената терапија била штетна и придонела кон конкретна токсична реакција, оштетување органи и скратување на животниот век…“, изјави Даниловски.

    Адвокатот на Васев, Боби Спирковски, изјави дека од вкупно 31 пациент што му се ставаат на товар на Васев, тој учествувал во лекувањето на шестмина, додека во терапијата учествувале уште 28 други лекари од Клиниката.

    Спирковски најави дека како сведок ќе биде повикана доктор Мери Пешевска, која претходно призна вина и беше осудена на условна казна затвор од две години.

    Обвинението ги товари лекарите Нино Васев, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување кај вкупно 47 пациенти.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.