Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за изградбата на автопатот Скопје – Блаце: По повеќе од 20 години проектoт станува реалност

    Мицкоски за изградбата на автопатот Скопје – Блаце: По повеќе од 20 години проектoт станува реалност

    26.08.2026 во 12:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце претставува историски момент за државата, истакнувајќи дека по повеќе од две децении ветувања, проектот Конечно станува реалност.

    На настанот организиран по повод почетокот на градежните работи, на кој присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, косовскиот премиер Албин Курти, како и министри, пратеници и градоначалници, Мицкоски подвлече дека новата автопатска делница е од исклучително значење за економското и транспортното поврзување меѓу Македонија и Косово.

    „Зборувам за нашите две земји, Република Косово и Македонија — за граѓаните помеѓу двете земји ќе значи подобра економија, подобро поврзување, подобар транспорт, подобар размена, нешто што претставува исклучително важен атрибут, посебно во 21 век и во корелација со нашите стратешки приоритети како Влада“, истакна Мицкоски.

    Премиерот нагласи дека градежните работи ќе ги изведува домашна компанија, што ќе обезбеди дополнителна додадена вредност за македонската економија и нови работни места.

    Се најавува интензивирање на градежните активности низ целата земја

    Во своето обраќање, Мицкоски најави дека наскоро ќе започнат активности и за делницата од Букојчани до Кичево, со што земјава влегува во период на интензивна изградба на патна инфраструктура.

    „Со тоа во еден момент ќе се создадат услови на територијата на државата да се градат 6 автопатски делници, нешто што досега никогаш во минатото не се случило. Тоа се делницата од Блаце до Скопје, делницата Тетово – Гостивар, од Гостивар до Букојчани, од Букојчани до Кичево, од Кичево до Охрид и од Прилеп до Битола, нешто што навистина претставува историски момент за нас граѓаните, но и за државата генерално“, посочи тој.

    Мицкоски порача дека преку овие капитални проекти се инвестира во иднината на младите за тие да останат во земјава.

    „Ние денеска отпочнуваме да градиме иднина, иднина за нашите млади. Бидејќи во политиката политичарите се минливи, ги ценат по она коешто ќе го остават зад себе и делата коишто ги оставаат зад себе. Ние како политичари во оваа наша македонска Влада мислам дека ќе оставиме капитални проекти, капитални дела коишто ќе ја одредат иднината на државата и ќе обезбедат иднина за младите“, изјави премиерот.

    Тој заклучи дека фокусот на Владата останува врз економскиот развој, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

    „Бидејќи патриотизмот во 21 век претставува нешто многу повеќе од националромантични идеи претставува силна економија, добар стандард и граѓани коишто се задоволни од институциите и Владата, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Тоа се врвните приоритети на оваа македонска Влада“, порача Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.