Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ново рочиште за „Онкологија“ – Тројца лекари пред Кривичен

    Ново рочиште за „Онкологија“ – Тројца лекари пред Кривичен

    26.08.2026 во 10:032 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за несовесно лекување пациенти.

    Судењето го води судијката Снежана Марковска, додека обвинението го застапува јавната обвинителка Марија Ѓоргева од Основното јавно обвинителство – Скопје.

    На претходното рочиште, на предлог на одбраната, беше сослушан вештакот Владимир Даниловски. Тој објасни дека предмет на неговото вештачење не бил изборот на онколошката терапија, туку утврдувањето на евентуалните последици од применетото лекување.

    Даниловски посочи дека требало да се утврди дали постои конкретно докажана штета, дали терапијата довела до влошување на здравствената состојба, дали го забрзала фаталниот исход и дали постои медицински докажана причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица.

    Според него, кај ваквите случаи не е доволно само да се утврди отстапување од упатствата за дозирање или примена на лековите, туку потребно е да се докаже причинско-последична врска меѓу постапката и настанатата последица кај пациентот.

    Васев, Црвенкова и Јакимовски се обвинети за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување. Според обвинението, кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на нивната здравствена состојба.

    Постапката првично се водеше и против онкологот Мери Пешевска, која призна вина и беше осудена на две години условна казна затвор.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.