УХМР ги објави температурите во осум часот низ Македонија, според што уште сега се навестува многу топол ден пред нас.
Со 18 степени, Попова Шапка е местото со најниска утринска температура во Македонија, по што следи Берово со 20 степени.
Демир Капија и Кавадарци со измерени 26 степени се најтоплите градови утринава. На Зајчев Рид се измерени 25 степени.
Во Скопје ова утро во осум часот УХМР измери 24 степени.
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа се очекува нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, постои услов за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 37 степени.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредниот период продолжува сончевото и топло време. Во попладневните часови наместа ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

