По продолжениот викенд за Илинден, граѓаните наскоро ги очекуваат нови неработни денови и можност за уште неколку дена одмор.
Следниот неработен ден е 28 август, петок, кога православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи празникот паѓа во петок, граѓаните ќе имаат продолжен викенд од три дена.
Според временската прогноза која ја објави УХМР, за време на продолжениот викенд не очекуваат и сонце, но и дожд.
Во петок, на 28 август, времето ќе биде сончево и топло со температури до 38 степени. Во сабота слично време со темератури до 38 степени.
Во недела пак не очекува дожд и грметевици и температури до 37 степени.

