УХМР објави метео аларм за пеколни горештини на територијата на Македонија.
УХМР ја објави мапата: – Високи температури на територија на цела држава, стои во постот.
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, додека попладне и во вечерните часови на места ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат и невреме со силен ветер и град. Утринските температури ќе се движат од 15 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината се очекуваат услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 20 степени, а максималната ќе достигне 38 степени.
До крајот на работната седмица се очекува претежно сончево и топло време, со умерена облачност во текот на денот.

