Петгодишно девојче им подлегна на повредите откако било тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила во Краљево, Србија.
Детето првично било згрижено во Краљево, а утрово било транспортирано во Универзитетската детска клиника „Тиршова“ во Белград, каде што и покрај сите напори на лекарите, починало поради тежината на повредите.
Несреќата се случила синоќа околу 19 часот на улицата „Четврти краљевачки баталјон“. Според информациите, автомобил од засега непознати причини излетал од коловозот и удрил во повеќе пешаци кои се наоѓале на тротоарот.
Меѓу повредените била мајка со своите две деца — едното дете било во количка, додека петгодишното девојче било во непосредна близина.
Во ударот тешко е повредено и помалото дете, момче на возраст од една и пол година, кое се здобило со тешки повреди на главата и екстремитетите и исто така било пренесено на лекување во Белград.
Мајката на децата се здобила со тешки телесни повреди и е згрижена во Општата болница „Студеница“ во Краљево.
Надлежните органи вршат истрага за утврдување на сите околности и причини поради кои возилото излетало од патот и завршило на тротоарот меѓу пешаците.

