Џетлира Фониќи е 25-годишна жена која во неделата навечер, на 23 август, била убиена во Малишево, пренесуваат косовските медиуми.
Членовите на семејството се простуваат од починатата, споделувајќи ја трагедијата, додека полицијата соопштила дека трудницата починала од прострелни рани, пренесува Klankosova.tv. Според полицијата, Фониќи и нејзиниот сопруг биле пронајдени тешко повредени во спалната соба.

Жената не ги преживеала повредите, додека повреденото лице, според информациите од Универзитетскиот клинички центар на Косово, се наоѓа во тешка состојба.
Од Универзитетската болница на Косово соопштиле детали за случајот. Како што наведуваат, две лица – 25-годишна жена и 26-годишен маж – биле примени во УЦКК околу 00:15 часот во понеделникот, откако наводно се здобиле со прострелни рани, пренесува Telegraf.rs.
Според податоците од УЦКК, 25-годишната жена била донесена во Ургентниот центар без знаци на живот.

