Close Menu
Press24
    Најново

    28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми

    23.08.2026 во 12:05

    УХМР со предупредување на стартот на седмицата: Денот почнува со сонце, па следи пресврт

    24.08.2026 во 07:55

    Герасимовски: Граѓаните бараат решенија, надлежните претпријатија мора да си ја завршат работата

    23.08.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • РСБСП со кампања за поддршка на системот „Безбеден град“ за поголема сообраќајна безбедност
    • Ново решение за странските возачи – МВР откри како ќе се плаќаат казните
    • Дневен хороскоп: Промени, предизвци – еве што им носат ѕвездите на сите знаци
    • Крушево ги спојува Европа и адреналинот: Нов ЕУ-проект и светско првенство во параглајдинг
    • Ќе уживаме во продолжен викенд – Потоа следи уште еден неработен ден
    • УХМР предупредува: Активиран метеоаларм поради високите температури
    • Топло утро, УХМР ги измери температурите во осум часот – Попладне доаѓа силно невреме
    • Несреќа во Македонија: Со повреди го донеле во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » РСБСП со кампања за поддршка на системот „Безбеден град“ за поголема сообраќајна безбедност

    РСБСП со кампања за поддршка на системот „Безбеден град“ за поголема сообраќајна безбедност

    24.08.2026 во 09:232 Mins Read
    РСБСП
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи, општинските совети за безбедност на сообраќајот и други партнери, започна сообраќајно-превентивна кампања за информирање на граѓаните за функционирањето на системот „Безбеден град“.

    Кампањата „Безбеден град – за безбедни учесници во сообраќајот“ има за цел да ги запознае граѓаните, особено возачите, со начинот на кој функционира системот, неговата улога во откривањето и санкционирањето на прекршоците, но и со правата и обврските на лицата чии прекршоци ќе бидат регистрирани со технички средства.

    Од РСБСП велат дека „Безбеден град“ претставува чекор кон современ и поефикасен систем за контрола на сообраќајот. Со користење современа технологија ќе се овозможи побрзо откривање на однесувањата со кои се загрозува безбедноста на патиштата.

    Системот ќе регистрира повеќе видови сообраќајни прекршоци, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, управување со истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Во наредниот период се очекува дополнително проширување на неговите функционалности.

    Според РСБСП, ваквиот начин на контрола треба да придонесе за поголема објективност и неселективност при санкционирањето, како и за намалување на влијанието на човечкиот фактор при утврдувањето и документирањето на прекршоците.

    „Целта не е да се санкционираат што е можно поголем број возачи. Целта е да има што помалку прекршоци, што помалку сообраќајни незгоди и што повеќе спасени човечки животи“, посочуваат од Советот.

    Во рамки на кампањата ќе се спроведуваат активности и на граничните премини, каде што возачите, вклучително и оние со странски регистарски таблички, ќе добиваат информативни материјали за системот, неговата примена и обврската за почитување на сообраќајните правила.

    РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат прописите, сообраќајната сигнализација и останатите учесници на патиштата, со порака дека безбедноста не се постигнува само со санкции, туку и со одговорно однесување и развивање сообраќајна култура.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Ново решение за странските возачи – МВР откри како ќе се плаќаат казните

    24.08.2026 во 09:21

    Крушево ги спојува Европа и адреналинот: Нов ЕУ-проект и светско првенство во параглајдинг

    24.08.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.