Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: За две години пензиите се зголемени за 325% повеќе во споредба со владата на СДСМ и ДУИ
    • Мицкоски: Во Општина Прилеп се инвестираат над 12 милиони евра за капитални проекти
    • Лефков: Обвинителството го заштити Филипче за модуларната болница, Законот за градење се менуваше за да се изградат објектите
    • Шасивари: Посилно партнерство со Австрија за модерно и ефикасно правосудство
    • Сопругата на Бајден за борбата со тешката болест на Џо: „Решивме да го искористиме секој момент“
    • Во Скопје потврдена првата мртва птица со западнонилска треска: Регистрирани нови случаи во Центар и Чаир
    • Ѕвездите откриваат: Кој го очекува најголемото изненадување денес
    • Пекол низ Македонија уште пред 12 часот – УХМР ги измери температурите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: За две години пензиите се зголемени за 325% повеќе во споредба со владата на СДСМ и ДУИ

    Мицкоски: За две години пензиите се зголемени за 325% повеќе во споредба со владата на СДСМ и ДУИ

    21.08.2026 во 12:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада, истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ.

    „Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка по она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на старосната пензија на корисниците во периодот од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ и Владата предводена од СДСМ и ДУИ. При таа споредба јасно кажав дека во овие две години, во овие 24-25 месеци — во случајот конкретно на тоа интервју реков 23 месеци, но сеедно е бидејќи двапати годишно се усогласува пензијата — оваа влада успеала просечно месечно за 296 денари да ја зголеми пензијата, додека претходната влада за 83 месеци успеала за 91 денар. Кога ќе се споредат овие два параметра, доаѓаме до 3,25 пати повеќе сега отколку во времето на владата на СДСМ и ДУИ, или тоа е математички прецизно 325%“, потенцираше Мицкоски.

    Тој исто така нагласи дека доколку се споредат првите 25-26 месеци на владата на СДСМ и ДУИ со овие 25-26 месеци од оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, излегува дека просечната старосна пензија сега се зголемила за 12,5 пати повеќе во споредба со претходната влада.

    „Еве уште една споредба ќе им кажам кога станува збор за старосните пензии. Еве да ги споредуваме првите 25-26 месеци од претходната влада во периодот јуни 2017 до јуни-јули 2019 година со овие 25-26 месеци од оваа влада, односно тогаш просечната старосна пензија за првите 25-26 месеци од претходната влада се зголемила за цели 540 денари. Во овие 25-26 месеци на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечната старосна пензија се зголемила за нешто повеќе од 6.800 денари или, математички прецизно, тоа е повеќе од 12,5 пати. Таа е разликата“, нагласи Мицкоски.

    Тој додаде дека талогот во опозицијата треба да ја прифати оваа реалност и да излезе од безидејноста доколку сакаат да бидат конкурентни на македонската политичка сцена, а оваа влада ќе продолжи со проекти и работа како што се испорачуваат насекаде низ државата.

    „Тој талог во опозицијата треба да ја прифати оваа реалност, конечно да излезе од таа безидејност во којашто во моментов се наоѓа, ако сака да биде конкурентна понатаму на политичката сцена во Македонија, но тоа е впрочем на крајот од денот и нивен проблем, не е наш проблем. Ние имаме јасна цел. Наша цел се проекти како овој коишто се испорачуваат на повеќе од 1.200 места низ државата, реформите, да го стабилизираме системот којшто не постоеше“, подвлече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Лефков: Обвинителството го заштити Филипче за модуларната болница, Законот за градење се менуваше за да се изградат објектите

    21.08.2026 во 12:25

    СДСМ: Веднаш да биде објавен целиот извештај за водата во Гостивар

    21.08.2026 во 09:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.