Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Балканот се пржи: Во Србија 42 степени – УХМР најавува екстремно топол ден и во Македонија
    • „Госпоѓата напиша книга и ете нè на иста полица“ – Авторката по овие зборови упати последна порака за Ведрана Рудан
    • Пет пожари и натаму активни, најавените горештини нова закана – ЦУК со пресек
    • ВИДЕО: Тешка ноќ кај Лопатица – Пожарникарите со контрапожар го скротија огнот
    • Уште сега е жешко: Температурите во 8 часот најавуваат пеколен ден
    • Драма за мајка и ќерка од Македонија: Ги нападнал иако имал судска забрана да им се приближува
    • Пожар во стан во Скопје
    • Премиерот Мицкоски во Прилеп – Во фокус инфраструктурните проекти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Балканот се пржи: Во Србија 42 степени – УХМР најавува екстремно топол ден и во Македонија

    Балканот се пржи: Во Србија 42 степени – УХМР најавува екстремно топол ден и во Македонија

    21.08.2026 во 08:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цел Балкан е зафатен од екстремно високи температури кои достигнуваат и над 40 степени. Времето денеска во Србија ќе биде претежно сончево и многу топло, со повремена умерена облачност на северот, а највисоката температура ќе се движи од 36 до 40 степени, локално и до 42 степени, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод.

    Ќе дува слаб до умерен ветер, во Војводина и планинските предели повремено и силен, од јужен и југозападен правец, а во јужен Банат од југоисточен правец.

    До крајот на оваа и на почетокот на следната недела времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Само во сабота и недела попладне, главно во ридско-планинските предели, се очекуваат краткотрајни врнежи со можност за грмежи.

    Во Македонија УХМР најави дека ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

    Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

    Утре и во сабота времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

    Во недела и во следните неколку дена, во попладневните часови ќе има локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата постепено ќе опаѓа.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    „Госпоѓата напиша книга и ете нè на иста полица“ – Авторката по овие зборови упати последна порака за Ведрана Рудан

    21.08.2026 во 08:41

    Пет пожари и натаму активни, најавените горештини нова закана – ЦУК со пресек

    21.08.2026 во 08:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.