Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Западен Нил стигна на Кипар: Прв случај годинава, пациент на интензивна нега

    Западен Нил стигна на Кипар: Прв случај годинава, пациент на интензивна нега

    20.08.2026 во 18:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Кипар е потврден првиот случај на вирусот Западен Нил за оваа година. Станува збор за 70-годишен маж, кој е во тешка состојба и се лекува на Одделот за интензивна нега во Општата болница во Никозија, објави кипарската новинска агенција ЦНА.

    Инфектологот Аристос Аристодиму објасни дека пациентот спаѓа во мал процент од заразените кај кои вирусот може да предизвика тешка инфекција на централниот нервен систем. Според него, ваквите компликации најчесто се јавуваат кај постари лица или кај лица со ослабен имунолошки систем.

    Заменик-директорката во Министерството за здравство на Кипар, Елисавет Константину, за ЦНА посочила дека Министерството има воспоставено протоколи и процедури за постапување при појава на случаи на вирусот.

    По откривање на случај се спроведува засилено прскање против комарци, иако ваквите мерки се применуваат во текот на целата година.

    Константину нагласила дека ситуацијата не предизвикува особена загриженост и оти нема причина за паника, и покрај зголемениот број случаи регистрирани во европските земји.

    Вирусот Западен Нил на Кипар се следи од 2016 година, а регистрираните случаи досега главно биле спорадични. Исклучок биле 2019 година, кога биле регистрирани 24 случаи, и 2023 година, со девет случаи.

    Во 2020, 2021 и 2025 година на Кипар не бил регистриран ниту еден случај на вирусот Западен Нил.

    Прочитај повеќе

    Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност

    06.10.2026 во 23:32

    Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград

    06.10.2026 во 22:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.